Општина Куманово и Извидничкиот Одред СКАУТ потпишаа Меморандум за соработка
Денеска во Општина Куманово Градоначалникот Максим Димитриевски oствари средба со членовите на Извидничкиот Одред “Скаут“ од Куманово, со кои потпиша Меморандум за соработка. Со меморандумот се утврдува заедничката соработка и координација меѓу двете страни, во спроведување на активности од областа на едукација за биодиверзитетот и заштитата на природата во Општина Куманово. Соработката за која се согласија двете страни подразбира и други области, кои се директно или индиректно поврзани со зачувување и промовирање на природата како безбедно и здраво место за едукација на младите.