Општина Куманово потпиша Меморандум за соработка со ЦИД
Од името на општина Куманово Градоначалникот Димитриевски денеска потпиша Меморандум за соработка со Здружението Центар за интеркултурен дијалог-ЦИД. Целта на Меморандумот е да се воспостави соработка, комуникација и пракса на јакнење на младинското јадро, организирање на активности и проекти од интерес и значење за младите, развој на младинските политики и унапредувањето на статусот и положбата на младите во општина Куманово и Република Северна Македонија. Овој документ ја одразува волјата и подготвеноста на двете страни за заедничка реализација на активности и делување во областите кои се од интерес за младите, младинската инфраструктура и унапредување на заедничката соработка.