Општина Куманово се вклучува во семејството на Зелени Градови
Денеска во Општина Куманово беше потпишан Меморандум за соработка со Европската банка за обнова и развој, во однос на зелените градови на ЕБРД. Потписници на Меморандумот беа Градоначалникот на општината Димитриевски и Сузан Горансон, директор – раководител на Infra Europe, SIG. Целта на овој Меморандум е да се развие соработка помеѓу двете страни во насока на идентификување на приоритети и предизвиците во решавање на проблеми поврзани со животната средина преку одржливи инвестиции во инфраструктурата. Општина Куманово е втора општина во државата која има потпишано ваков Меморандум за соработка со ЕБРД.