Отворена е сензорна соба во ООУ “Кочо Рацин”-Куманово за учениците со интелектуална попреченост
Во рамки на проектот “Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран”, денеска е отворена сензорна соба во ООУ “Кочо Рацин “- Куманово.
На настанот присуствуваа Градоначалникот на Општина Куманово, претседателката на Советот на Општината и претставници на општинската администрација.
Во специјално опремената просторија стручните соработници и наставници од ова училиште ќе можат да обезбедат дополнителна образовна поддршка за учениците со интелектуална попреченост,како и за учениците со хиперактивно однесување, за децата од аутистичниот спектар, деца кои имаат проблеми со моториката и сл.
Проектот е финансиран од ЕУ, го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи “Чекор по чекор”, заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество “Инклузива” и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост ”Хандимак”, а како поддршка е вклучена и Општина Куманово.