Отворена изложба на фотографии од македонската револуционерна борба
По повод 23 Октомври- Ден на македонската револуционерна борба во Занаетчиски дом беше отворена изложба на фотографии од македонската револуционерна борба. Изложбата е во организација на Фондација за култура и спорт Куманово, под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово. Беа изложени 20 фотографии од основачите на македонската револуционерна организација, заклетва, револвер, кама и устав, печат на кумановската револуционерна организација, устав на ТМОРО, текст од Илинденското востание, кои припаѓаат на историското депо на НУ Музеј-Куманово. Присуствуваа претседателка и членови на Совет на Општина Куманово.