Отворена ликовна колонија ”Куманово 2018”
Денеска во Меморијалниот центар „АСНОМ“ беше отворена ликовната колонија „Куманово 2018“. Четириесет и четвртата колонија која ја организира Општина Куманово и НУ Музеј – Куманово, ја отвори Градоначалникот Максим Димитриевски.
На овогодинешната ликовна колонија учество ќе земат 15 учесници од Македонија, Србија, Романија и Бугарија, а ќе остават по две дела кои ќе бидат изложени во кумановската уметничка галерија кон крајот на годината. Една од најстарите и најреномираните колонии во Македонија во минатото се одржуваше во манастирот „Прохор Пчински“ и во манастирот во с.Матејче.
Манифестацијата ќе трае до 11 август кога е закажано и свеченото затворање.