Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Отворен Младински центар во Куманово

Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски денеска заедно соПремиерот на РСМ, Зоран Заев,директорот на АМС, Наумче Мојсоски, младински работници и активисти,свечено гоотворијаМладинскиот центар во Куманово.Центарот, кој е прв во државата согласно Законот за младинско учество и младински политики и стандардите за младински центри, е соодветен и безбеден простор, каде ќе се спроведува системска поддршка на личниот развој на младите луѓе и нивното активно вклучување во животот во заедницата преку неформално образование,преку учество во забавни и волонтерски активности организирани за и од страна на младите, менторство, информирање.Градоначалникот Димитриевски упати благодарност до Владата на РСМ и Агенцијата за млади и спорт за соработката и поддршката, која даде свој придонес за Центарот, преку обезбедување на опрема за работа на младинските работници и активисти.





Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст