Панел дискусија на тема “Менаџирање и предизвици на локалните самоуправи за време на пандемијата”
Денеска во големата сала на зградата на поранешните општествено-политички организации се одржа панел дискусија на тема“Менаџирање и предизвици на локалните самоуправи за време на пандемијата”, организирана од страна на Здружението заопштествен развој и демократија НВО “Пулсот надемократијата”-Куманово. На панел дискусијатасвои обраќања имаа градоначалникот на ОпштинаКуманово Максим Димитриевски и на ОпштинаГњилане Албан Хисени. На настанот се водеше плодна дискусија за предизвиците на Општините за време на пандемијата во сите општествени области на делување. Беше потенцирана потребата од преземање на мерки на централно ниво за помош на Општините, а се дискутираше иза моменталната енергетска криза, со која се соочуваме. На панел дискусијата присуствуваа и заменик амбасадорот на Косово во РСМ, претставници од амбасадата на Франција во РСМ, претседателка и членови на Совет на Општина Куманово, деканот на Факултетот за јавна и бизнис администрација-Куманово иневладини организации од Куманово.