“Партнерство за одржливи локални самоуправи” – форум за локална самоуправа
Во рамки на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитети за искористување на ресурсите се одржа втор годишен форум за локална самоуправа – “Партнерство за одржливи локални самоуправи”, во блиска соработка со Министерството за финансии и Министерството за локална самоуправа.
На настанот беа презентирани измените и дополнувањата на Законот за финасирање на единиците на локална самоуправа со посебен осврт на финансиската нестабилност, како и двата документи изработени од проектот на УСАИД:
– Водич за постапување на општините во услови на финансиска нестабилност и
– Кодекс за активна транспарентност на локално ниво.
На форумот присуствуваа градоначалници од општините во РСМ, претставници на Здружението на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), Државниот завод за ревизија, донаторската заедница и медиумите.
Општина Куманово ја претставуваше Градоначалникот Максим Димитриевски.