Педесетта седница на Совет на Општина Куманово
На 28 декември 2020 година (понеделник), во големата сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот ќе се одржи педесетта седница на Совет на оштина Куманово.
Дневен ред
- Усвојување на записниците од Четириесет и осмата и Четириесет и деветтата седница на Советот на Општина Куманово
- Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.07.2020 – 30.09.2020 година;
- Програма за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за 2021 година;
- Програма за повластено користење на паркинг услуги на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово од страна на лица со посебни потреби за 2021 година;
- Извештај за деловно финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јули – Септември 2020 година;
- Програма за одржување јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2021 година;
- Програма за уредување и одржување на градско зеленило во Куманово за 2021 година;
- Оперативна програма за собирање и транспортирање на комунален отпад на подрачјето на општина Куманово во 2021 година;
- Програма за зимско одржување на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2021 година;
- Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за утврдување цени за монтажа на метални столбчиња;
- Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за утврдување цени за саден материјал;
- Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за утврдување на цени за вршење на дезинфекција;
- Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за период од 01.07.2020 – 30.09.2020 година;
- Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јули – Септември 2020 година;
- Информација за финансиската состојба на ЈП „Пазаришта“ – Куманово со план за зголемување на приходи и намалување на расходи;
- Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополна на Статутот на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;
- Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за утврдување на недвижни ствари кои треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;
- Програма за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2021 година;
- Програма за работа на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2021 година;
- Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈП „Водовод“ – Куманово за регулиран период 2021 -2023 година;
- Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води на ЈП „Водовод“ – Куманово за регулиран период 2021 -2023 година;
- Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на тарифа за прочистување на отпадни води на ЈП „Водовод“ – Куманово за регулиран период 2021 -2023 година;
- Работна програма за 2021 година на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
- Програма за работа на Јавната општинска установа – Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово во 2021 година;
- Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за определување на вредност на коефициент за пресметка на платa на директорот на ЈОУ – Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово;
- Програма за работа на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Куманово за 2021 година;
- Програма за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Општина Куманово за 2021 година;
- Годишна програма за 2021 година на Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово;
- Предлог – Програма на културни манифестации на Општина Куманово за 2021 година;
- Предлог – Правилник за начин на распределба на средства за реализација на Програма за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2021 година;
- Предлог – Програма за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2021 година;
- Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2021 година;
- Предлог – Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2021 година;
- Предлог – Одлука за обезбедување на помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица корисници на гарантирана минимална помош (ГМП) преку субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2021 година;
- Предлог – Одлука за утврдување на право на користење и на критериуми за доделување на средства во вид на еднократна парична помош или помош во натура за 2021 година;
- Предлог – Програма за социјална заштита на Општина Куманово за 2021 година;
- Предлог – Одлука за давање согласност за формирање на паралелки во прва година со под 25 ученици во општинските средни училишта во Општина Куманово во учебната 2020/2021 година;
- Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок – дотации за основното образование за 2021 година;
- Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок – дотации за средното образование за 2021 година;
- Предлог – Програма за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности по пливање во Затворениот базен – Куманово за учениците од основните и средните училишта од Општина Куманово за 2021 година;
- Предлог – План на програми за развој на Општина Куманово за 2021 година;
- Предлог – Програма за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2021 година;
- Предлог – Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово за 2021 година;
- Предлог – Програма на активности од областа на заштитата на животната средина и природата на Општина Куманово за 2021 година;
- Предлог – Програма за субвенционирање на граѓани за приклучок на гасификациона мрежа на подрачје на Општина Куманово за 2021 година;
- Предлог – Одлука за давање согласност за кофинансирање на реконструкција на кров на спортска сала Куманово;
- Извештај за реализација на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2020 година;
- Предлог – Програма за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2021 година;
- Предлог – Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Куманово за 2021 година;
- Предлог – Програма за меѓународна соработка и евроинтеграции на Општина Куманово за 2021 година;
- Предлог – Одлука за зголемување на основната главнина на Јавното претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти „Куманово – гас“ Куманово;
- Предлог – Одлука за зголемување на основната главнина на Јавното претпријатие за паркинг простори и јавно осветлување „Куманово – паркинг‘‘ Куманово;
- Предлог – Буџет на Општината Куманово за 2021 година;
- Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општината Куманово за 2021 година;
- Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2021 година;
- Предлог – Одлука за утврдување на висина на благајнички максимум за готовинско плаќање од Буџетот на Општината Куманово за 2021 година;
- Стратегија за развој на туризмот во општина Куманово, со акционен план (2020 – 2024);
- Информација за работата на Секторот за инспекциски надзор – Инспекторат во 2019 година;
- Информација за работата на Секторот за инспекциски надзор – Инспекторат за периодот јануари – ноември 2020 година;
- Предлог – Одлука за одобрување на склучување на анекс на договор за закуп на деловен простор;
- Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства од Буџетот на Општината Куманово за 2021 година за ангажирање на 25 (дваесет и пет) работници преку агенција за привремени вработувања во Општина Куманово;
- Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2020 година;
- Предлог – Решение за формирање на Комисија за изготвување на Предлог – Програма за работа на Советот на Општината Куманово за 2021 година.