Педесет и шеста седница на Совет на Општина Куманово
Седницата ќе се одржи на 26 мај 2021 година (среда), во големата сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот.
За работа на седницата се предлага следниот
Дневен ред
- Усвојување на записникот од Педесет и петтата седница на Советот на Општина Куманово
- Информација за преземени мерки и активности во текот на 2020 година на Полициска станица од општа надлежност Куманово;
- Извештај за работа на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за 2020 година;
- Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.2021 – 31.03.2021 година;
- Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ Куманово од 01.01.2021 – 31.03.2021 година;
- Предлог – Одлука за давање согласност на Измена на Годишен план за вработување во 2021 година на ЈП „Водовод“ – Куманово;
- Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план‘‘ – Куманово за период од 01.01.2021 – 31.03.2021 година;
- Извештај за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2020 година со финансов извештај;
- Предлог – Одлука за давање на согласност за аплицирање на Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD 2);
- Предлог – Програма за управување со отпад во Општина Куманово за 2021 година;
- Предлог – Одлука за давање согласност на Ценовникот за услугите за шлеп служба за отстранување на оштетени возила и возила во дефект од општинските и локалните патишта на територија на Општина Куманово на ДПТУ „АУТО ДИЗИ“ ДООЕЛ Куманово;
- Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за утврдување на висина на комуналните такси;
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2021 година;
- Предлог – Одлука за усвојување на План за одржлива урбана мобилност на Општина Куманово 2020 – 2030 година;
- Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на Детален урбанистички план за Г.П. 33 на КП бр. 21972 од ДУП за дел од УЕ „Тоде Мендол“, дел од Урбан блок 61 – Општина Куманово;
- Предлог – Одлука за пристапување кон измени и дополнувања на Статутот на Општината Куманово;
- Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движни ствари (електронски уреди – таблети) – сопственост на Општина Куманово на општински основни и средни училишта.
Совет на Општина Куманово
Претседател,
Атина Мургашанска, с. р.