Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Петта седница на Совет на Општина Куманово на 25 февруари

Петта седница на Совет на

Општина Куманово на 25 февруари

 На 25 февруари 2022 година (петок), во големата сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот ќе се одржи петтата седница на Советот на Општина Куманово по следниот

 

Дневен ред

 

  1. Предлог – Одлука за констатирање престанок на мандат на член на Советот на Општина Куманово;
  2. Годишен извештај на Територијална противпожарна единица Куманово за 2021 година;
  3. Програма за работа на ТППЕ Куманово во 2022 година;
  4. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово;
  5. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово;
  6. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена на Статутот на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;
  7. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;
  8. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за утврдување на недвижни ствари кои треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;
  9. Измена на Програма за одржување јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2022 година;
  10. Измена на Програма за уредување и одржување на градско зеленило во Куманово за 2022 година;
  11. Измена на Програма за зимско одржување на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2022 година;
  12. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена на Годишен план за вработување во 2022 година на ЈП „Водовод“ – Куманово;
  13. Предлог – Одлука за зголемување на основната главнина на Јавно претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти „Куманово – гас“ Куманово;
  14. Извештај за стекнати и распределени средства во 2021 година од ОСТУ „Наце Буѓони“ Куманово;
  15. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за IV квартал од 2021 година;
  16. Извештај за извршување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово и на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово за периодот од 1 јануари 2021 година до 31 декември 2021 година;
  17. Предлог – Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2022 година;
  18. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2022 година;
  19. Извештај за реализирани активности во 2021 година на Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР;
  20. Предлог – Програма на Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР за 2022 година;
  21. Предлог – Одлука за распределба на средства за културни манифестации по објавен јавен повик;
  22. Предлог – Одлука за именување на членови на Општински совет за социјална заштита на Општина Куманово;
  23. Предлог – Одлука за давање на согласност за продажба на движни ствари, сопственост на Општина Куманово, по пат на електронско јавно наддавање;
  24. Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за формирање на Комисија за процена и утврдување на висината на штетата од природни непогоди и други несреќи на подрачјето на Општина Куманово;
  25. Информација за остварени приходи по основ на даноци и такси за 2021 година;
  26. Предлог – Одлука за утврдување на висина на комуналните такси;
  27. Предлог – Одлука за донесување на ДУП за дел од У.Е „11-ти Ноември“ УБ 65-д, плански опфат меѓу ул. „Октомвриска Револуција“, ул. „Крсте Мисирков“, ул. „Црнотравска“ – Општина Куманово;
  28. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на ДУП за ГП 30 на КП 22024 од ДУП од УЕ „Тоде Мендол“, дел од УБ 62 – Општина Куманово;
  29. Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства од Буџетот на Општината Куманово за 2022 година за преземање на 1(еден) административен службеник;
  30. Предлог – Одлука за формирање на Комисија за односи меѓу заедниците на Советот на Општината Куманово;
  31. Предлог – Решение за именување на членови на Управниот одбор на ЈП „Пазаришта“ Куманово – претставници од Општина Липково и Општина Старо Нагоричане;
  32. Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат и именување на член на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово;
  33. Предлог – Решение за разрешување и именување на член на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Куманово – план“ Куманово;
  34. Предлог – Решение за разрешување и именување на член на Управниот одбор на ЈОУД Детска градинка „Ангел Шајче” – Куманово;
  35. Предлог – Решение за измена на Решението за именување на членови на Одборот за контрола на материјално-финансиското работење на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски” – Куманово;
  36. Предлог – Решение за именување на претставници од Општина Куманово за членови на Училишниот одбор во ОСТУ „Наце Буѓони” – Куманово;
  37. Предлог – Решение за именување на претставници од Општина Куманово за членови на Училишниот одбор во СОУ „Перо Наков” – Куманово;
  38. Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник од Општина Куманово – член на Управниот одбор на Јавната установа – Општински ученички дом „Професор Мијалковиќ” – Куманово.
Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст