Последователна сесија од Проектен форум во Општина Куманово
Денеска во големата сала на Комитет-Куманово Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски присуствуваше на Последователна сесија од Проектниот форум во Општина Куманово, која се реализира во соработка со УНДП, преку проектот „Зајакнување на општинските совети“, чија втора компонента е зајакнување преку мали грантови за приоритетни мерки на општините избрани преку јавни консултации, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).Присутните граѓани, претставници на институциите и почесните гости имаа можност да ги проследат постигнатите резултати од форумскиот процес во Општина Куманово, што се спроведуваше во периодот јуни – октомври 2019 година, беше презентирано постигнатото, како и реализацијата на дел од препораките дадени од граѓаните до Општината во текот на целиот форумски процес. Целта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво.