Потпишан меморандум за соработка
Градоначалникот Максим Димитриевски денеска потпиша меморандум за соработка со Сојуз – Национален Совет за родова рамноправност и организацијата за „Отворена врата„ од Косово. Со оваа Општина Куманово дава поддршка за имплементација на проектот „Вмрежување за успех„. Целтта на проектот е потикнување на родова рамнотежа и ниво на младинско општество преку вклучување на жените и младите во претставување на култните, традиционалните и национални вредности на Косово и Македонија. Истиот е финансиран од ЕУ во рамките на ИПА компонентата II „Прекугранична програма за соработка„за Македонија и Косово.