Потпишан меморандум за соработка за проектот “Создаваме заедно: Мониторинг и застапување на заедницата“
Општина Куманово и Здружението на правници на Република Македонија денеска потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот ја дефинира соработката за проектот “Создаваме заедно: Мониторинг и застапување на заедницата“, кој Здружението на правници на РМ го имплементира во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер и Здружението АТИНА од Р.Србија.