Потпишан Меморандум за соработка меѓу Општините Куманово и Малишева, Р Косово
Денеска во просториите на Општина Куманово градоначалникот Максим Димитриевски оствари средба со градоначалникот на Малишева, Косово Екрем Кастрати и неговиот тим. На средбата присуствуваа и претседателката на Совет на Општината Ѓорѓиевска, претседател на Занаетчиска комора на РСМ Агрон Фазлији, директор на Занаетчиска комора на РСМ Јелена Спасова и претставници на општинска администрација. На средбата беше потпишан Меморандум за соработка, со цел воспоставување на соработка, размена на искуства и идеи во сите сфери на општествено-економскиот живот, изработка на заеднички проекти од областа на локален економски развој. Локалните самоуправи ќе воспостават соработка во областа на образование, култура, литература и уметност, а активно ќе работат и на меѓусебно промовирање на културното наследство и запознавање со истото во двете Oпштини.