Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Празничен турнир во футсал за пехар на градоначалник

Во рамките на Програмата за одбележување на Денот на ослободување на Куманово, денеска во училишната спортска сала на СОУ “Перо Наков”-Куманово се одржа турнир во футсал за пехар на градоначалникот. Организацијата на овој традиционален спортски натпревар е од страна на Општински сојуз на спортови и Сојуз на училишен спорт.  Учество зедоа  ученици од општински средни училишта. По турнирот градоначалникот Димитриевски додели пехари на најдобрите спортски екипи и награди за најдобар стрелец, голман и играч на турнирот.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст