Празнична средба на градоначалникот Димитриевски по повод Денот на ослободување на Куманово
Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа традиционалната празнична средба на градоначалникот Димитриевски со поранешни градоначалници на Општината, претставници на АРМ, МВР, ЗАПВАРС, ТППЕ и Сојуз на борци. Средбата беше во знак на одбележување на 77 години од ослободувањето на Куманово и 502 години успешно постоење.