Празнична средба на градоначалникот Димитриевски по повод Ден на ослободување на Куманово
По повод 11 Ноември, 503 години постоење и 78 години од ослободувањето на Куманово, денеска во просториите на Општината градоначалникот Максим Димитриевски заедно со секретарот Гелевски одржа свечен прием, на кој присуствуваа претставници на Сојуз на борци, поранешни градоначалници на Општина Куманово, претставници на СВР Куманово, АРМ, Здружение на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав Куманово и Територијална противпожарна единица Куманово. На празничната средба беа разменети искуства и размислувања за реализација на нови идеи и проектни зафати, во насока на подобрување на животните услови на граѓаните.