Прва официјална посета на Н.Е. амбасадор на Р Литванија во РСМ, Јурате Рагуцкиене
Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски денеска оствари средба со Н.Е. амбасадор на Р Литванија во РСМ, Јурате Рагуцкиене, резидентна во Р Хрватска, која беше во прва официјална посета на Општината. Во рамките на програмата на делегацијата од Р Литванија, задолжена за интерпарламентарна соработка со земјите од Западен Балкан(Хрватска, Албанија, Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Хецеговина и Косово), на средбата присуствуваа и: Аудрониус Ажубалис (шеф на делегација), Валдас Ракутис (потпретседател на групата), Кестутис Вилкаускас(член на групата), Јолита Сириуте (секретар на групата) и Лидија Каракамчева (секретар на групата за соработка со Литванија и други балтички земји, претставник од Собрание на РСМ). Градоначалникот Димитриевски ја претстави Општината и го истакна интересот за соработка со некоја општина од Р Литванија.