Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Прво новороденче во Куманово во Новата 2023 година

На Одделот за гинекологија и акушерство при Општа болница во Куманово, на 01 јануари во 22.55 часот се роди женско бебе. Делегација од Општина Куманово предводена од претседателката на Совет на Општината, Ивана Ѓорѓиевска беше во посета на среќната мајка и првороденото бебе. Традиционално, со искрени честитки и желби за здравје, безгрижно детство, среќа и успеси, им беа врачени пригодни подароци од името на Општина Куманово.



Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст