Прв третман на терестична дезинсекција
Се известуваат граѓаните дека на 26.05.2021 година (среда) во 00.00 часот, на територијата на општина Куманово ќе се изврши прв третман на
терестична дезинсекција против возрасна форма на комарци. Доколку временските услови не го дозволат вршењето на овој третман, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.