Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Презентација на концепт за системска рана детска интервенција – ССЕР на РСМ

Во организација на Сектор за образование при Општина Куманово, на иницијатива на Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори – ССЕР на РСМ и поддршка на Канцеларијата на УНИЦЕФ  во Скопје, денеска се одржа работен состанок. Главен акцент од излагањето на претседателот на Сојузот, Горан Петрушев, беше ставен на презентацијата на концептот за системска рана интервенција кај најмладата популација, кој е одобрен од Министерството за труд и социјална политика, Министерство за здравство и Министерство за образование.
Состанокот беше реализиран во рамки на проектот “Воспоставување на системски услуги за рана интервенција кај деца со развојни задоцнувања и/или попреченост”, спроведуван од ССЕР.
На средбата присуствуваа претставници на стручни служби од ЈОУДГ “Ангел Шајче” – Куманово, од општински основни училишта и здруженија кои работат со деца, односно ученици со попреченост, а свое обраќање имаа претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и раководителот на Сектор за образование од Општина Куманово, Александар Јовановиќ.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст