Презентирани активности од програмата “Социјална кохезија и културен дијалог” во Детската градинка “Ангел Шајче”
ЈОУ Детска градинка “Ангел Шајче”-Куманово е изберена за пилот градинка, каде денеска во објектот “Бубамара” беа промовирани позитивни практики во рамките на програмата “Социјална кохезија и културен дијалог”. Согласно важноста за рано учење и развој, Министерството за труд и социјална политика на РСМ со поддршка на УНИЦЕФ и амбасадата на Велика Британија,започна со програмата, која овозможува баланс на развој на когнитивните вештини и писменоста, со посебно внимание на емоционалниот и социјалниот развој, со примена на нови алатки, стратегии и техники.Целта е да се подобри квалитетот на предучилишното образование и да се дизајнира програма за воспитувачи во предучилишните установи за подобрување на нивните компетенции и на условите во градинките, за да децата развијат свест за својата личност и да научат да ги ценат различностите кај луѓето и околината. Оваа програма успешно се имплементира во градинката “Ангел Шајче”, во која се вклучени и семејствата, со што децата имаат можност и дома да продолжат со активности. На настанот присуствуваа секретарот на Општина Куманово и претседателката на Советот на Општината.