Прес конференција по повод одржување на првиот Меморијален меѓународен боксерски турнир Мирослав Петровиќ 2021
Денеска во просториите на општина Куманово се одржа прес конференција во врска со првиот Меморијален меѓународен боксерски турнир Мирослав Петровиќ 2021, кој ќе се одржи под покровителство и иницијатива на Градоначалникот и Советот на општина Куманово и Боксерска федерација на РСМ, во организација на Општински сојуз на спортови Куманово и Боксерски клуб Куманово.