Пријателска средба на Градоначалникот на Општина Куманово со Амбасадорка и Почесен конзул на Израел
Првата неофицијална средба меѓу Градоначалникот, Максим Димитриевски и претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска со Симона Франкел, Амбасадорка и Градимир Шумковски, Почесен конзул на Израел, помина во пријателска атмосфера. Оваа пригодна посета, која се совпадна со празничните активности во нашиот град, е дополнителна мотивација за почеток на успешна соработка. Се очекуваат нови средби кои би вродиле со плод, односно конкретни идеи и предлози за реализација на проекти кои би биле од големо значење за граѓаните на Општина Куманово.