Продолжува педесет и третата седница на Советот на општина Куманово
Утре, на 17.03.2021 година (среда), со почеток во 10.00 часот, во
големата сала на зградата на поранешните општествено-политички
организации ќе се одржи продолжение на педесет и третата седница
на Советот на општина Куманово. Истата можете да ја следите во
живо на ТВ Плус Куманово.