Промовирана книгата “Активен живот со високи психофизички и ментални перформанси” на Никола Котески
Вечерва во Занаетчиски дом се одржа промоција на книгата “Активен живот со високи психофизички и ментални перформанси” на пензионираниот професор по физичко и здравствено образование, фудбалски тренер и натпреварувач во маратонско трчање, Никола Котески. На овој културен настан свое обраќање имаше градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски, како и рецензентот на делото, проф. д-р Марјан Стевановски и директорот на Македонски олимписки комитет, Владимир Богоевски.