Промовиран документарниот филм за Драгомир Шојиќ
Во Младинскиот културен центар Козјак-Куманово вечерва беше промовиран документарниот филм за легендата на тамбурашката музика Драгомир Шојиќ, во организација на Фондација за култура и спорт Куманово, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.
Животниот и професионалниот пат на Драгомир Шојиќ во документарниот филм го претставуваат неговите пријатели и соработници.
Филмот е во режија на Ратомир Цениќ и Небојша Илиевски, а сценариото е на неговиот син Далибор Шојиќ.
Годинава по повод Јубилејот 500 години постоење на Куманово, Шојиќ постхумно од Градоначалникот доби Благодарница за неговиот придонес во рамките на тамбурашкото музицирање и културна промоција на градов.
На културниот настан присуствуваше делегација од Општина Куманово, предводена од Градоначалникот на општината.