Промоција на видео запис од 2-от Меѓународен фолклорен фестивал “Куманово 2021”
Вечерва во МКЦ-Куманово се одржа и промоција на видео запис од 2-от Меѓународен фолклорен фестивал “Куманово 2021”, како ретроспектива на трите одржани фестивалски вечери. Организатори на настанот се КУД “Панче Пешев” и МКЦ “Козјак”-Куманово, под покровителство на градоначалникот и Советот на Општината и Министерство за култура на РСМ, по повод Денот на ослободување на градот. На промоцијата присуствуваше секретарот на Општина Куманово Александар Гелевски.