Промоција на готвач на традиционални рецепти од Североисточниот плански регион
Денеска во Куманово беше промовиран готвач на традиционални рецепти од Североисточниот плански регион – „Духот на Североистокот„. Центарот за развој на Североисточниот плански регион и Платформата за рурален развој, во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации изработија готвач, збирка на 30 рецепти за подготовка на јадења типични за овој регион. Целта е да се промовира традиционалните јадења од регионот меѓу локалните ресторани и приватни угостители и туристички објекти. На промоцијата присуствуваше градоначалникот Максим Димитриевски кој воедно е и претседател на Советот на Североисточниот плански регион, Постојан координатор на ОН Луиза Винтон како и голем број на гости.
Овој прирачник за готвење е наменет за дополнително да го збогати оваа наследство, претставувајќи ги посебните вкусови кои доаѓаат од Североистокот на Македонија, односно регионите на Липково и Куманово,Осогово, Крива Паланка и Кратово. Традиционалните рецепти кои се наоѓаат во прирачникот биле усовршувани низ вековите од страна на голем број генерации на домаќинки кои на најдобар начин ги користеле локалните состојки.