Промоција на документарен филм “Пиротско маало низ времето”
Вечерва во Занаетчиски дом – Куманово премиерно беше прикажан документарниот филм “Пиротско маало низ времето”, проект на Љиљана Тричковиќ, реализиран со поддршка на Општина Куманово.
Популарното пиротско маало настанало во почетокот на 20 век, со населување на жители од пиротскиот крај, кои се доселувале во овие краишта барајќи подобри услови за егзистенција.
Промотор на документарецот Христина Алексовска, директорка на ЈОУ Библиотека “Тане Георгиевски” – Куманово, се осврна на традиционалните обичаи карактеристични за жителите на ова маало низ годините, преку сведоштвата на соговорниците на кои се базира филмското остварување.
На промоцијата присуствуваа градоначалникот на Општина Куманово, членови на Советот на општината и претставници на општинската администрација.