Промоција на проект за заштита на “Традиционална брвнара од Лика”
Проект на невладината организација ЛАГ АБЕР и НУ Музеј – Куманово, финансиран од Агенцијата за остварување на правата на заедниците – “Традиционална брвнара од Лика”, беше презентиран во Занаетчиски Дом.
Промоцијата е со цел да се иницира заштита на ова уникатно културно наследство за кое постои правен документ.
Брвнара е дрвена куќа изградена во Лика, Хрватска пред повеќе од еден век, донесена со воз и повторно монтирана во Умин Дол, според автентичен архитектонски план од тоа време. Од вкупно 20 куќи останала само една во сопственост на семејството Богдановиќ, со минимални модерни интервенции.