Работна средба на Локалниот економско-социјален совет
Локалниот економско-социјален совет и Градоначалникот Максим
Димитриевски денеска одржаа работна средба со претставници од
стопанството во Куманово. На средбата присуствуваа претставници
на бизнис секторот од градот, двата синдикати (Сојуз на синдикати на
РСМ и Конфедерација на слободни синдикати на РСМ) и од
Агенцијата за вработување. На средбата се дискутираше за
состојбата, во која се наоѓаат бизнис компаниите во овој период, како
и за активности и мерки што се предвидуваат во периодот што
следува. Градоначалникот упати благодарност до сите компании, кои
преку своите донации, допринесоа за полесно справување на
општината со корона вирусот.