Свечена Светосавска академија
Вечерва во Занаетчиски дом Куманово се одржа свечена Светосавска академија, како меѓународно афирмирана манифестација, по повод одбележување на Денот на Свети Сава, национален празник на Србите во РСМ. Настанот е организиран од страна на Српската заедница во РСМ, регионален одбор-Куманово. Во рамките на свечената програма беше проследена Светосавската беседа на д-р Славенко Терзиќ, редовен член на САНУ, а пред присутните гости со свој перформанс се претставија познатата српска естрадна изведувачка Јелена Томашевиќ, тенорот Војислав Спасиќ, реномирани драмски уметници, ансамблот “Архангели”, уметничкиот ансамбл при Министерството за одбрана на Р.Србија, КУД “Српски вез”-Куманово. Присуствуваа високи државни претставници од Р.Србија, Р.Српска и РСМ, а свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, кој го честита православниот празник Свети Сава, испраќајќи порака за меѓусебно обединување и почитување, кое ќе донесе развивање на општествените односи, како позитивен пример за идните генерации во почитувањето на традицијата и универзалните вредности на секој народ.