Свечена седница по повод Празникот на градот
Денеска, по повод 11 Н оември, Ден на ослободувањето на Куманово и 500 години од негово постоење, во Националната установа Центар за култура Трајко Прокопиев-Куманово се одржа Свечена седница, на која свои обраќања имаа Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и претседателот на Советот на општината Атина Мургашанска.
Беше доделена Ноемвриска награда на истакнати поединци и правни лица. Градоначалникот Димитриевски додели благодарници и плакети на заслужни граѓани, кои дале свој придонес за развојот на нашиот град во различни сфери од општественото живеење.