Свечено затворање на 20-тата Меѓународна ликовна колонија “Карпино”
Од 17.08. до 24.08.2022 година се одржа 20-тата Меѓународна ликовна колонија “Карпино”, на која учествуваа 12 уметници од РСМ, Србија и САД. Оваа традиционална манифестација се одржува во организација на Мултимедијален центар “Карпино”-Куманово, а под покровителство на градоначалник и Совет на Општина Куманово. За таа цел беше одржана средба со секретарот на Општина Куманово и претседателката на Совет на Општината, на која беа споделени искуства од овогодинешната Колонија. А денеска свечено беше затворена јубилејната Колонија, каде беа изложени создадените дела и доделени благодарници на покровителите и учесниците. На свеченото затворање на “Карпино” присуствуваа претседателката на Совет на Општина Куманово и претставници од општинската администрација.