Свечено одбележан Денот на независноста на Република Северна Македонија
Денеска со свечена и пригодна програма беше одбележан јубилејот 30 години од независноста на нашата држава.Празникот 8 Септември-Ден на независностана Република Северна Македонија се одбележа пред споменикот Жена борец на градскиот плоштад, со почитување на предвидените мерки за превенција од КОВИД епидемијата. Делегации на Сојуз на борци-Куманово,Градоначалник на Општина Куманово,Совет на Општината, Армија на Република Северна Македонија, Министерство за внатрешни работи, претставници на Собрание на Република Северна Македонија, општински основни и средни училишта,јавни претпријатија и установи, здруженија на граѓани, невладини организации, политички партии, положија свежо цвеќе пред споменикот. Со пригоден говор пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.