Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Свечено одбележување на 81 година од Денот на народното востание

По повод 11 Октомври, Денот на народното востание денеска на Спомен костурница во Куманово пригодно се одбележа 81 година од Денот на борецот.На свеченоста присуствуваа бројни делегации, кои положија свежо цвеќе, оддавајќи им достојна почит на паднатите борци и херои во борбата за слобода на македонскиот народ: Сојуз на борци од Народноослободителна и антифашистичка војна на Македонија, градоначалник на Општина Куманово, делегација на Општина Прилеп, на претседателот, Владата и Собранието на РСМ, на Генерал штабот на АРМ и Министерството за внатрешни работи  на РСМ, општински основни и средни училишта, јавни установи и претпријатија, здруженија на граѓани, невладини организации, политички партии. Со пригодна реч се обратија градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и претседателот на Владата Димитар Ковачевски. Свеченото одбележување беше збогатено и со кратка културно-уметничка програма.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст