Свечено отворен 18-тиот Меѓународен тамбурашки фестивал Куманово 2022
Вечерва на градскиот плоштад свечено беше отворен 18-тиот Меѓународен тамбурашки фестивал Куманово 2022. Овој културен настан се одржува во организација на Фондација за култура и спорт Куманово, а под покровителство на градоначалник и Совет на Општина Куманово. Оваа година љубителите на тамбурашката музика ќе имаат можност да проследат две фестивалски вечери. На првата фестивалска вечер настапија: оркестрите “Симфониум”- Куманово и “Охридски бисери” со Петар Нечовски, ГТО“Пљевља”- Црна Гора и групата “Легенде”- Србија. На настанот присуствуваше претседателката на Совет на Општина Куманово.