Свечен прием на збратимените градови во Занатски Дом
Збратимените градови кои се во Општина Куманово по повод прославата на празникот на нашиот град, присуствуваа на свеченост во просториите на Занатски Дом. Градоначалникот Димитриевски размени подароци со претставниците на општините Бјелина, Никшиќ, Нови Сад, Бања Лука, Кампина, Драч, Ќустендил и Пловдив. Меѓу присутните беа и делегации од Турција и Бугарија, претставницци од амбасадите на Хрватска и Унгарија, како и почесниот граѓанин на Куманово и постојан претставник на UNDP – Луиза Винтон.