Седмо издание на фестивалот “Денови на Балканска етно ризница
Здружението за уметност, култура и заштита на културното наследство “Ризница” – Куманово, учествуваше со фестивалот “Денови на Балканска етно ризница” во рамки на манифестацијата Ноемвриски Денови на Општина Куманово.
На музичкиот настан кој беше организиран во салата на Занаетчискиот дом, учествуваа лица со попреченост, членови на Дневен центар “Доза среќа”- Скопје, Здружението “Фолконика”- Скопје и познати фолк интерпретатори од нашата земја.
Во име на Општина Куманово која е покровител на фестивалот, присуствуваа раководителот на секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, со претставници од општинската администрација.