Соопштение-Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на Урбанистички планови
Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр. 199/2014, 44/2015, 193/2015, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), Градоначалникот на Општина Куманово го донесе следното
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат сите физички и правни лица на територијата на Општина Куманово дека се распишува
Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на Урбанистички планови
Јавниот повик се распишува согласно член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр. 199/2014, 44/2015, 193/2015, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), во првиот квартал од 2019 год.
- Јавниот повик ќе трае од 28.03.2019 год. до 30.04.2019 год. – 34 ден сметано со денот на објавата.
- Јавниот повик ќе биде објавен во службено гласило на општината, на веб страната на општината kumanovo.gov.mk, на огласна табла на општината, во информацискиот ситем е-урбанизам, во дневен весник на македонски јазик и дневен весник на албански јазик.
- Во приодот на траење на Јавниот повик сите заинтересирани физички и правни лица може да достават иницијатива за изработка и донесување на урбанистички планови од членот 7 став (1) точка 2 алинеа 2,3 и 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр. 199/2014, 44/2015, 193/2015, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18).
- Предмет на иницијатива може да биде донесување на нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки урбанистички план со образложение за бараната измена и предлог на пласнки опфат од подносителот на иницијативата.
- Заинтересираните правни и физички лица иницијативите да ги достават согласно член 21 став (3) од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр. 199/2014, 44/2015, 193/2015, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18).
- Средствата за прифатените иницијативи за изработка на потребната документација треба да се обезбетат од самите подносители на иницијативите.
Бр. 21-2136/1 Дата26.03.2019 Градоначалник на Општина Куманово
Максим Димитриевски