Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

СООПШТЕНИЕ

Согласно со новонастанатата ситуација на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, поточно на мост на реката Пчиња (познат како Искрин мост) во атар на село Орашац, ги известуваме граѓаните на општина Куманово дека Локалната самоуправа нема надлежност, ниту законска основа да биде вклучена во овој процес. Надлежни за решавање на овој проблем се Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија. Општина Куманово нема добиено Барање од надлежните органи за одобрение за алтернативен пат или Известување дека на погореспоменатата локација ќе бидат извршени следниве дејствија:

-мостот е затворен за сообраќај со банкини и количини тампон истурени на коловоз

нетампониран земјен алтернативен пат без соодветно обележување со информативни табли,небезбеден за сообраќај на ПМВ и ТМВ, без сообраќајна сигнализација за забрана за движење на товарни моторни возила и за истиот не постои патоказ дека е алтернативен пат на делницата Куманово-Свети Николе.

Општина Куманово се оградува од новонастанататасостојба и смета дека Јавното претпријатие за државни патишта има должност и обврска, пред затворањето на овој патен правец, да обезбеди непречен и сигурен алтернативен пат, кој ќе биде во функција и непречено ќе се користи од страна на сите оние, кои имаат потреба да се движат на таа локација. 

Општина Куманово потенцира дека дел од патот каде што се вршат градежни зафати, не се во нејзина надлежност, туку се дел од регионалната сообраќајна патна мрежа на Република Северна Македонија, поради што апелираме до надлежните институции што поскоро да изнајдат соодветно решение за непречено одвивање на сообраќајот.

Службени лица од Секторот за инспекциски надзор Инспекторат при општина Куманово беа на погореспоменатата локација и во текот на денот доставија мислење до надлежните органи. Воедно од страна на Општината е исконтактирано со Јавното претпријатие за државни патишта, од кое бараме во најкус можен рок да се уреди алтернативниот пат, како и соодветно одбележи поради неопходност од непречено функционирање на патниот правец, кој има особено значење за граѓаните на општина Куманово, регионот и пошироко.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст