Сопруги на Амбасадори во посета на Куманово
Денеска во просториите на општината, Градоначалникот Димитриевски ги пречека сопругите на Амбасадори во Република Северна Македонија, и тоа на: бугарскиот, турскиот, словачкиот, италијанскиот, унгарскиот, германскиот, на претставникот на НАТО, на ЕУ, на OSCE за Република Северна Македонија. На претставничките на понежниот пол им беше претставена нашата општина, како најголема во државата, во која се негува мултиетнички соживот, а беше потенциран и Јубилејот 500 години од постоењето на Куманово. На средбата беше потенцирана моќта,која ја поседуваат жените, користејќи ја за доброто на женските организации, преку значајни проекти. Сопругите на Амбасадорите, искажувајќи го своето задоволство од Приемот, ги истакнаа специфичностите на државите, кои ги претставуваат. Потоа ги посетија културните обележја во центарот на градот.