Средба на градоначалникот Димитриевски со главниот проектант на Спортската сала во Куманово
Во пригодна и пријателска атмосфера помина денешната средба со инженерот по архитектура Трајко Димитров кај градоначалникот на Општина Куманово.
Спортската сала во Куманово е импозантен објект, дело на реномираниот архитект кој заедно со кумановецот Живко Гелевски во минатиот век го проектирале познатиот спортски храм.Градоначалникот на денешниот гостин со задоволство му ги претстави тековните активности од реконструкцијата на објектот,нагласи дека тимот кој работи на реновирањето на салата, во секое време е подготвен за нови идеи и конкретни предлози.
Во јавноста е познато дека архитектот Димитров е творец на повеќе спортски објекти низ поранешната држава,како негова специјалност.