Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Средба помеѓу Градоначалникот на Општина Куманово и претставничката на УНИЦЕФ

Градоначалникот на Општина Куманово се сретна со претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани со цел надминување на кризата во наставата и учењето. На состанокот присуствуваа и раководителите на секторите за образование,култура,спорт,социјална и здравствена заштита на децата.
Од страна на МОН и УНИЦЕФ е констатирано Општина Куманово да биде  една од 10-те пилот општини, на кои ќе им биде понудена поддршка за прилагодување на инфраструктурниот и образовниот капацитет на мрежата на основните училишта.
Партнерството ќе се залага за подобрување на образовниот процес со давање на поддршка за подобра распределба на ограничените финансиски, човечки и инфрастуктурни ресурси, со што во сите основни училишта ќе се обезбеди настава во согласност со националните стандарди,закони и образовни концепти.
Потребата за оваа реформа доби поддршка од собраниската комисија за образование,наука и спорт.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст