Средба со индивидуални земјоделски производители
По иницијатива на претседателката на Совет на Општина Куманово, денеска во просториите на Општината градоначалникот Димитриевски одржа средба со индивидуални земјоделски производители, кои поради продажбата надвор од Зелениот пазар се под постојани контроли од страна на инспекциските служби. На средбата присуствуваа секретарот на Општина Куманово, директорот на ЈП“Пазаришта”-Куманово и претставници на инспекциските служби, инволвирани во решавање на проблемот. На средбата беше понудено решение прифатливо за сите страни. Индивидуалните земјоделски производители ќе бидат сместени на делот кај чешмите од Зелениот пазар и ќе плаќаат на дневна основа, со што граѓаните на Куманово ќе знаат каде можат да купат домашни производи. Се очекува да се надмине овој долгогодишен проблем преку расчистување на метежот пред Пазарот, со што и производителите ќе имаат подобри услови за продажба. Важно е за сите продавачи на Зелениот пазар да важат исти правила.