Средба со семејството на ракометарката Јасмина Голубовиќ
Денеска во просториите на Општина Куманово секретарот на Општината и
претседателката на Советот остварија средба со членовите на потесното
семејство на ракометарката Јасмина Голубовиќ, во чија чест ќе се одржи
Меморијален турнир на реконструираното спортско игралиште во
Соколана, по иницијатива на Здружението на ЖРК Куманово – активни
ветеранки, а со поддршка на градоначалникот и Советот на Општина
Куманово. На утрешниот ревијален натпревар на ветеранки на ЖРК
Куманово ќе учествуваат ракометарки од повеќе генерации на клубот, во
знак на сочувување на споменот, трудот и придонесот на Јасмина
Голубовиќ, која беше една од најзаслужните ракометарки за успесите на
клубот.