Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Став на Градоначалникот Максим Димитриевски за наводите од прес конференцијата на ОО ВМРО Куаманово

Општината нема издадено дозвола за користење на наведениот простор во Комитет, бидејќи истиот го користат и со него управуваат повеќе субјекти  кои се носители на право на утврдување на сопственост и тоа:  СДСМ, Сојузот на борци на НОВ и Сојузот на синдикати на Македонија.

Посочениот угостителски објект  има склучено договор за користење на простор во 2012 година со важност до 2022 година и истиот е на сила.

За жал морам да потенцирам дека ВМРО како политички субјект, не поседува ист таков договор за користење на простор во посочениот објект ( зградата на поранешни општествено – политички организации – Комитет), а безосновано и спротивно на законот ги користи истите.

Општина Куманово ќе влезе во постапка на разгледување на сите склучени договори со сите корисници на простор во објектот и ќе излезе во јавност со резултатите од направениот пресек во интерес на граѓаните на Општина Куманово.

Дополнителни ги советувам претставниците на ВМРО-ДПМНЕ да прекинат со “лов на вештерки” затоа што Куманово е една убава и праведна реалност а не лоша “сказна” каква што беше Република Македонија во времето на нивно владеење. Нема да биде лошо да им одговарат и на Кумановчани, но и на сите граѓани на Македонија: кога веќе барате амнестија, ајде да слушнеме за кого конкретно,  кој е вашиот став за Референдумот, чија кампања , за ваша информација, е веќе започната и зошто си давате лажни рокови како што е 10ти Септември, зошто ја замајувате и дефокусирате јавноста?

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст